Во зоните се создаваат 20 отсто од извозот

Bez autora
Oct 01 2013

Во технолошко-индустриските развојни зони се очекуваат зголемен број вработувања, нови инвестиции и поголем извоз, кој сега изнесува 700 милиони евра и претставува 20 проценти од вкупниот извоз на државата. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на официјалното отворање на експозитурата на Охридска банка во Технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик. Kонцептот на Владата за привлекување странски инвестиции дава сè повеќе резултати. Само во зоните Скопје 1 и Скопје 2 имаме 1.350 вработени, а во зоната во Штип 750 вработувања. Дополнително очекуваме да има нови вработувања и да се зголемува извозот иако и сегашните 700 милиони евра извоз на компаниите што работат во ТИРЗ е огромна бројка и веќе претставува над 20 проценти од вкупниот извоз на Република Македонија.

Во зоните се создаваат 20 отсто од извозотВо технолошко-индустриските развојни зони се очекуваат зголемен број вработувања, нови инвестиции и поголем извоз, кој сега изнесува 700 милиони евра и претставува 20 проценти од вкупниот извоз на државата.

Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на официјалното отворање на експозитурата на Охридска банка во Технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик.

- Kонцептот на Владата за привлекување странски инвестиции дава сè повеќе резултати. Само во зоните Скопје 1 и Скопје 2 имаме 1.350 вработени, а во зоната во Штип 750 вработувања. Дополнително очекуваме да има нови вработувања и да се зголемува извозот иако и сегашните 700 милиони евра извоз на компаниите што работат во ТИРЗ е огромна бројка и веќе претставува над 20 проценти од вкупниот извоз на Република Македонија - истакна Ставрески.

Според него, со отворањето на експозитурата на Охридска банка ќе им станат подостапни банкарските услуги на компаниите од Бунарџик, а истовремено ќе ~ се даде и поголема атрактивност на зоната.

- Бунарџик претставува модерно опремена зона, која им ги нуди сите потребни услуги на инвеститорите. Не сакам да потсетувам на лицемерните споредби и злонамерните коментари дека Бунарџик ќе претставува една зелена ливада. Би било добро тие денеска да се тука и да ги видат големите фирми како „Џонсон контролс“, „Џонсон Мети“, „Kемет електроникс“, „Технокозе“ и да го видат целокупниот резултат на напорите на Владата и нашата посветеност да се привлечат странски инвестиции и да се создадат услови за нивно работење во зоната - рече Ставрески.

Директорот на Дирекцијата на технолошко-индустриските развојни зони Виктор Мизо истакна дека отворањето на експозитурата на Охридска банка во зоната во Скопје е приближување на банкарските услуги до компаниите.

- Во административната зграда е обезбеден простор од 51 квадратен метар за сместување на експозитурата со што на корисниците ќе им се овозможи побрз пристап до потребните банкарски услуги - посочи Мизо и додаде дека ќе продолжат да работат на изградбата и развојот на зоните и унапредувањето на услугите што се нудат во зоните.

Директорката на Охридска банка, Јитка Патчукова, посочи дека станува збор за значајна инвестиција не само на банката, туку и за компаниите во Бунарџик затоа што со отворањето на експозитурата значително ќе бидат олеснати банкарските трансакции.

Од предвидените 15 ТИРЗ, досега се отворени девет, од кои функционални се зоните Скопје 1 и Скопје 2 и зоната во Штип.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik